Регионалната конференција “Глобална неизвесност, локални неприлики“

Сподели

Светски познати професорски имиња на Регионалната конференција “Глобална неизвесност, локални неприлики“

73d86dbc65beaf2590119148

Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје, Прогрес – Институтот за социјал–деморатија и Македонскиот центар за европско образование,  од 12-ти до 14 -ти Октомври, организираат Регионална конференција на тема„Глобална неизвесност, локални неприлики – Како европските политички случувања се одразуваат врз влијанието кое ЕУ го има во Југоисточна Европа?’.  

Конференцијата која ќе започне на 12ти октомври 2016 (среда) во Скопје ќе донесе светски познати професорски имиња, аналитичари и автори.

На отворањето на Конференцијата ќе говори Kристоф Бендер, заменик претседател на Eвропската иницијатива за стабилност од Виена. Има работено на различни истражувачки проекти за проширувањето на ЕУ и теми од големо значење за Југоисточна Европа. Бендер е говорник во првата сесија „Глобалните неизвесности и нивното влијание врз политиката за проширувањето на ЕУ / Регионалната политичка динамика во Западен Балкан“.

Со него на истата тема ќе дискутираат и Момчило Радуловиќ, претседател на Eвропско движење од Црна Гора. Член е на преговарачката работна група за Поглавјето 31 (надворешна, безбедносна и одбрамбена политика) и е дел од Balkan Task Force Институтот за студии по безбедност во Париз.

Дискусијата ќе ја модерира Никола Димитров, поранешен Министер за надворешни работи на Р.Македонија и истакнат научен соработник во Хаг Институтот за глобална правда.

Во оваа сесија на темата за регионалната политичка динамика, ќе се приклучат и албанскиот аналитичарАрдиан Хачкај како и новинарката од соседно Косово Уна Хајдари, како и Бојан Маричиќ,  од Македонскиот центар за Европско образование.

Вториот ден од Конференцијата на една од најактуелните теми на денешнината, Брегзит(Brexit): Внатрешната динамика и ефектите врз проширувањето ќе говори Стјуарт Холанд, академик и економист, поранешен член на Британската лабуристичка партија кој ужива голем углед во аналитичарските кругови. Холанд предавал на Универзитетите во Оксфорд, Сасекс, Европскиот универзитетски институт, на универзитетите во Роскилде и Коимбра. Плоден автор на повеќе од 180 статии, над 15 книги на економската теорија и политика, меѓународната трговија, економската интеграција, регионалната теорија и политика, социјалната политика, развој на економијата и глобалното владеење. Холанд во моментов е визитинг професор на Економскиот факултет на Универзитетот во Коимбра и е дел од Институтот за општествени и европски студии, Kőszeg, Унгарија.

Аналитичарите и истражувачите, Андреја Стојковски и Љупчо Петковски, од Македонскиот центар за Европско образование, во рамки на вториот ден на Конференцијата, ќе ја наметнат темата за Граѓанско оспорување на авторитарното владеење во Македонија: “Бомбите“ и улогата на ЕУ во продлабочување/разврската на кризата во Македонија.

Аналитичар, писател и долгогодишен дописник од Русија во Македонија, поранешен новинар во Сан Петерсбург Тајмс, Борис Камчев,  последниот ден на Конференцијата, ќе говори на темата „Односите ЕУ – Русија во контекст на растечката глобална неизвесност – Дали Русија е вистински конкурент на ЕУ на Балканот и на други места?“. А веднаш по него и Ахмет Евинод Универзитет Шабанџи од Турција.

Конференцијата се одржува во светло на новите дискусии на високо ниво во врска со иднината на ЕУ како и перспективите за процесот на проширување за државите од Западен Балкан. Оваа конференција е замислена како форум каде ќе има интензивна размена на идеи и каде ќе се презентираат, а воедно и дискутираат импликациите од последните предизвици со кои ЕУ се соочува во однос на процесот на проширување. Во таа насока, ќе се дискутира и политичката динамика во државите од Западен Балкан кои се аспиранти за членство во ЕУ. Во следните два дена по регионалната конференција, МЦЕО ќе ја одржи Втората Школа за европски политики со истиот работен наслов. Во рамките на Школата се планирани 5 сесии каде ќе гостуваат релевантни говорници кои ќе презентираат студии на случај или феномени кои влијаат на улогата на ЕУ во Југоисточна Европа. Овие сесии треба да послужат за извлекување на заклучоци и аргументи кои ќе бидат комуницирани во понатамошниот процес на застапување за подобрено и зголемено влијание на ЕУ во регионот.

Сите прашања ќе бидат дискутирани на панел сесии каде ќе гостуваат аналитичари, експерти, претставници на граѓанското општество и политичари од Европа, претставници на македонските институции, пратеници, како и претставници на академската и бизнис заедницата.

Пријавувањето за учество на Конференцијата е в тек преку следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeApfnl5MXM_6n1hwk9ybu3K-KN1oZb9BRg3YnCTYcqctBGrA/viewform.