Регистрирани се 153 нови случаи и 11 починати лица

Сподели

 

Во последните 24 часа направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 108
• Куманово – 12
• Прилеп – 9
• Кавадарци – 6
• Битола – 5
• Крива Паланка – 4
• Виница – 2
• Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Прилеп (54г и 63г), Кавадарци (49г и 70г), и Демир Хисар (74г и 77г), по едно починато лице од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови ,а еден е починат во домашни услови.
 
Регистрирани сe 309 оздравени пациент од:
• Скопје – 120
• Куманово и Велес – по 26
• Кочани – 20
• Штип – 18
• Кавадарци – 16
• Прилеп – 13
• Битола – 11
• Тетово – 9
• Македонска Каменица – 7
• Крива Паланка и Свети Николе – по 6
• Гостивар – 4
• Струмица, Кичево и Берово – по 3
• Виница, Неготино,Делчево, Пробиштип, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 2
• Ресен,Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.