Алтернатива Настани

Изложба на 53-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на карикатури Скопје 2021

Сподели:

 

На 3 ноември (среда) 2021 во 19 ч. во галерија ОСТЕН се отвора официјалната изложба на 53-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2021 
 
 
 
 
 
На изложбата ќе бидат изложени карикатури од 32 селектирани и наградени карикатуристи. На наградените карикатуристи присутни на отворањето на изложбите ќе им бидат врачени наградите, па по овој повод, во Скопје се дојдени карикатуристи од Белгија, Израел, Хрватска, Србија..
 
Специјални гости на настанот се карикатуристи – финалисти на Проектот за дигитални карикатури „ЕУ – работа во тек…“, кој ОСТЕН го организираше во партнерство со Гете-институтот Скопје.
 
 
 
 
Во рамките на активностите предвидени со Проектот за дигитални карикатури „ЕУ – работа бо тек…“ деновиве се одвиваат и следните програмски активности:
 
2-4 ноември, 2021, 3-дневна креативна работилница за млади карикатуристи од регионот, предавач: Лук Десхимакер, Белгија.
 
 
 
4 ноември (четврток) 2021 во 19 ч. во Куќата на Европа (Делегација на ЕУ во Скопје) ќе биде одржана панел дискусија на тема „Надежи и стравови за пристап до ЕУ – преку острото око на карикатуристот“.
Модератор: Корнелија Конеска (ОСТЕН Скопје)
Панелисти:
Тања Кругер (Гете-институт Скопје)
Претставник од Делегацијата на ЕУ Скопје
Лук Десхимакер, Белгија – карикатурист
Борис Еренбург, Израел – карикатурист
Давор Драмиќанин, С. Македонија – Мак стрипови
 
Панел дискусијата е од отворен карактер, со почитување на сите протоколи за организирање на јавен настан.
Сподели: