Регистрирани се 444 нови случаи и 11 починати лица

Сподели

 

Во последните 24 часа направени се 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19 во:
· Скопје – 190
· Битола – 43
· Прилеп – 27
· Кавадарци – 19
· Кочани – 16
· Велес и Струмица – по 15
· Охрид и Берово – по 13
· Ресен – 11
· Куманово и Штип – по 10
· Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево – по 6
· Крива Паланка и Кратово – по 5
· Валандово – 4
· Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3
· Радовиш и Пробиштип – по 2
· Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево – по 1
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 75г и 79г) и по едно починато лице од Битола (53г), Велес (59г), Кавадарци (81г), Крушево (84г), Прилеп (66г), Пробиштип (73г), Радовиш (72г) и Штип (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 16.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово(1), Струмица(1) и Битола (1). Починатите лица се на возраст од 65-80г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Регистрирани сe 467 оздравени пациенти од:
· Скопје – 193
· Куманово – 34
· Битола – 26
· Тетово – 24
· Штип – 23
· Кавадарци – 21
· Прилеп – 19
· Кочани – 18
· Велес – 13
· Делчево, Крива Паланка и Неготино – по 11
· Гевгелија – 9
· Струмица – 8
· Свети Николе и Радовиш – по 6
· Берово и Пробиштип – по 5
· Ресен, Кичево и Кратово – по 4
· Демир Хисар и Виница – по 3
· Демир Капија – 2
· Охрид, Богданци, Крушево и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.442.544 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352.