Реконструкцијата на Јадранска магистрала трае предолго-компаниите утре на протест

Сподели

 

Веќе подолг период се прави реконструкција на Јадранска магистрала и по тој повод компаниите на индустриска зона Визбегово, утре од 10 до 10.30 часот ќе протестираат во знак на револт поради предолгиот период на реконструкција.

„Ваквиот зафат ја блокира целата зона, го отежнува целото движење и го уназадува комплетно работењето. Реконструкцијата на мостот се врши на потегот од Словенечка во правец Скопје, до раскрсницата Момин Поток, каде што и ќе се одржи протестот“, соопштија од Здружение на компании од Индустриска зона Визбегово.