Рекорден број на стерилизирани кучиња во октомври 2023

Сподели

 

Во месец Октомври во ЈП Лајка беа стерилизирани и кастрирани 134 кучиња, од кои 82 женки и 52 мажјаци, а беа вдомени 37 кучиња.

Со овие спроведени кастрации и стерилизации превенирано е разможување на 134 кучиња, односно на 134 здрави репродуктивни единки. Со тоа се намалува стапката на бездомни кучиња на улиците, информираат од ЈП Лајка. 

Ги охрабруваме граѓаните да пријават бездомно куче за стерилизација/кастрација во ЈП Лајка, на меил info@lajka.com.mk или на нашите телефонски бреови 02/2 56 58 59  и 071/219-925.