Фросина Ременски, третобовинетата во случајот за „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, поднесе барање до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за изземање на обвинителката Вилма Рускоска од овој случај за кој денеска почнува судењето.
“Денеска пред почетокот на судското рочиште за „Меѓународниот сојуз“ во кое сум третообвинета поднесов барање за изземање на застапникот на обвинението Вилма Рускоска пред државниот јавен обвинител, затоа што се сомневаме во сите фази во предистрагата, истрагата и оценката на обвинителен акт. Имаме цврсти докази за тоа дека постои селективност во постапувањето на основниот јавен обвинител што го застапува обвинението преку кршење на основните права на одбраната во овој случај на мене, меѓутоа и во делот на попречување на правдата, која што е во надлежност на постапување на други институции” – изјави Ременски денеска по поднесувањето на барањето.
Ременски очекува државниот јавен обвинител пријавите да ги разгледа совесно, професионално и да одлучи за нејзино изземање како застапник на обвинението.