Алтернатива Македонија Настани

Играта Еко Маало прераснува во дигитална игра – Забавувајте се и учете!

 

Здружението на граѓани „Еко Логик“, во своето работење предвидува подобрување и унапредување на разни социјални проблеми и предизвици, преку теми што ги нема во редовната настава во училиштата, а се од огромна важност за морален, социјален, физички и еколошки развој на децата.

 

 

Во изминатите години на постоење, покрај останатите активности, здружението стана препознатливо и по поставување на едукативни друштвени игри кои имаат за цел преку интерактивен и забавен начин да ги зголемат знаењата на значајни теми како што се: енергетска ефикасност, животна средина, велосипедизам, градење на вредности, одржлив развој и слично.

Меѓутоа, прилагодувајќи се на предизвиците на новото дигитално време, започнуваме со дигитализација на самите игри, со цел времето поминато на мобилните телефони и компјутери биде квалитетно искористено.

 

 

Играта Еко Маало, која претставува прва образовна друштвена игра за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, од денес достапна е на онлајн плаформа „Tabletopia“ и истата може да се користи на смарт уреди: аndroid и аpple, како и на компјутери.

Целта на играта е да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции, односно едукативната компонента е насочена кон енергетска ефикасност, здрави навики, забава во природа и во домот.

 

Сподели: