Вести Македонија Став

РесПублика: Децата копираат систем на неказнивност

 

По „Јавна соба“ продолжува низата на девијантни појави кај нашите деца, сега со „Гладијаторските мечеви на малолетници“. Кога системот на социјална контрола и санкција е затаен во институциите и во семејството, насилното однесување на децата е очекувано, смета социологот Надица Таневска Јанева. Во поткастот за РесПублика, психологот Горан Шоткаровски посочува дека решението треба да се бара во родителството базирано на доверба, но и во градењето на свеста за агресивното и насилно однесување во кое најголеми жртви се децата.

 

Сподели: