Рио 2016: Фелпс по петти пат на Олимписки игри

Сподели

Фелпс уште еднаш ќе влезе во спортските лексикони, станувајќи првиот машки спортист од САД кој ќе учествува во пет Олимписки игри

thumbs_b_c_78df62547271ef705ae5f6833e84ce4f

ОМАХА (АА) – Американскиот пливач Мајкл Фелпс (31), најтрофејниот олимпиец на сите времиња постигна уште еден одличен резултат. На квалификациите за пливачкиот олимписки тим на САД победи во пеперутка на 200 метри и се избори за настап во Рио де Жанеиро ова лето, што ќе бидат негови петти по ред Олимписки игри, јавува Anadolu Agency (AA).

Фелпс уште еднаш ќе влезе во спортските лексикони, станувајќи првиот машки спортист од САД кој ќе учествува во пет Олимписки игри. Претходно Фелпс стана легенда во светскиот спорт како најтрофеен олимпиец со 18 златни медали на игрите, а вкупно 22 околу вратот.

Интересно е што Фелпс по Олимписките игри во Лондон во 2012 година се збогува со пливањето. Но две години подоцна, тој одлучи да се врати во базенот. Имаше шест месеци пауза поради возење во пијана состојба, но потоа повторно успеа да се врати на неговата голема љубов, пливањето.

„Ова веројатно беше најтешката трка во пливање која ја имав во мојот живот”, изјави Фелпс откако се избори за настапат во Рио.

Колку му значеше овој резултат покажа на крајот од трката, кога тој излезе од базенот со пет прсти кренати во воздух.

Anadolu Agency