Книжарница ТРИ со голема пролетна распродажба на книги

Сподели:

Пролетта се буди! Дрвјата отвораат нови листови, а ние нови страници.

На 28 март (сабота), од 10 до 18 ч., во книжарница во ГТЦ ќе се случи распродажба што ти ветува дека ќе најдеш сè што одамна сакаш да го имаш.

Што се подразбира под сè за еден вљубеник во страниците?

  • Книги по 50, 90 и 150 денари (со пресметан попуст и над 80 %)
  • Последни примероци од книги што одамна не ги гледаме на полиците
  • Подарок книга за секоја сметка со купени три книги.

Она што е трифт-сесија за љубителите на модата, тоа е оваа распродажба за читателите. Вистински лов на помалку познати или заборавени книжевни богатства. Некои одамна исчезнати книги од полиците токму на овој ден ќе ги најдеш по симболични цени.

Исто така, во книжарницата ќе биде достапен и попустот од 50 % на новите наслови. Дојди со пријателите, прошетај низ страниците и почни со овогодишното внатрешно цутење!

ПРОЛЕТНО БУДЕЊЕ: СОНЦЕТО ОГРЕА И НИЕ ПОВТОРНО (ЌЕ) ЧИТАМЕ­
Сонцето нè огрева и можеме да се обидеме повторно. Овој пат поинаку од претходниот – со книга на 50 % во рака! За ова пролетно будење подготвивме наслови на половина цена што ќе те мотивираат, ќе те инспирираат, ќе те охрабрат и ќе ти дадат насока по патот. Духовна литература, романи што ќе ти ја разгорат љубовта или книги што ќе те нурнат во длабоко размислување за себе и за светот. А ако купиш книги во вредност од 700 денари или повеќе, можеш да си избереш гратис торба. Кога природата се буди, ти дава нова шанса да почнеш одново. Направи го тоа со помош на вистинските книжевни водичи!­
РАЗГЛЕДАЈ ГИ НАСЛОВИТЕ ТУКА!
Сподели: