Вести Македонија Ударни вести

Рот: Името да се реши годинава, СЈО да продолжи со својата работа и да се спроведат реформите

Сподели:

-“Прашањето за името треба да се реши годинава или статус кво ситуацијата ќе продолжи со години. Има волја на двете страни и може да се стигне до заеднички прифатлив компромис. Медијаторот Матју Нимиц има клучна улога, но владите на двете земји се тие кои го водат процесот. Потребни се конструктивност, креативност и флексибилност. Македонската Влада е позитивна и креативна, а таква е и Владата во Атина, и затоа гледам светлина на крајот на еден долг тунел.”

–”Климата во земјата е значително променета, но неопходно е потребни за евроатлантското приближување и Македонија да остане на вистинскиот пат. Препораката од ЕК е резултат на заложбите на Владата. Германија ја поддржува европската перспектива на земјата и одблиску ќе ги следи извештаите за напредокот”- изјави државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.

„Не можам да го премолчам СЈО. Двотретинското мнозинство е предуслов за продолжување на мандатот на СЈО, а ме информираа дека опозицијате е против, па мислам дека прагматично решение е да го интегрирате СЈО во редовните судски инстанци и да продолжи со својата работа“.

 

Сподели: