Вести Македонија Ударни вести

Годишен извештај на Комисијата за заштита од диксриминација

Сподели:

Комисијата за заштита од дискриминација денеска ќе го презентира годишниот извештај за 2017 година.

Целта на настанот, кој е финансиски поддржа Мисијата на ОБСЕ е информирање на јавноста за резултатите од работата на Комисијата во текот на минатата година, како и предизвиците со кои се соочува, односно приказ на приоритетите за во иднина.

Годишниот извештај содржи анализа на статистички податоци, презентација на конкретни случаи кои даваат јасна претстава за тоа кој е степенот на промена на состојбата од претходните години, како и посочување на стратегијата како да се постигне подобрување и напредок на полето на заштитата од дискриминација.

Во 2017 година до Комисијата за заштита од дискриминација се доставени 59 претставки за дискриминација, кои беа доставени од граѓани, правни лица, граѓански организации и други.

Најмногу претставки се поднесени поради дискриминација врз основ на пол и род. Следни основи по бројност се: етничка припадност, политичка припадност, здравствена состојба, сексуална ориентација и родов идентитет, личен или општествен статус, социјално потекло и образование.

 

Сподели: