РСЕ: Изборните листи и неважечките ливчиња – Златко Јакимовски

Сподели

0ccaacb9-002b-4999-ad18-1530b0d96409_cx0_cy15_cw0_w987_r1_s_r1

Златко Јакимовски, дипломиран правник, студент на мастер студии по казнено процесно право

Што значат неважечките ливчиња и зошто ќе се појават?! Едноставно тие се знак на протест насочен кон актуелната политичка понуда. Граѓанинот е апсолутно незадоволен од тоа што му се нуди, но сепак не сака да апстинира и сака да гласа, но нема за кого, пишува Златко Јакимовски, дипломиран правник, студент на мастер студии по казнено процесно право во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Обзнанувањето на кандидатските листи од двете главни опции, предизвика низ оправдани разочарувања кај електоратот. Владеачката партија ги кандидираше дел од осомничените против кои се води истражна постапка од страна на СЈО и согласно најновите шпекулации и некои ликови за кои кружи „фама“ дека се снимени во незгодни ситуации, додека, пак, опозицијата се чини направи неколку грешки. Кандирирајки го професор Ферид Мухиќ (чиешто животно дело е апсолутно неспорно) на една граѓанско-социјалдемократска листа мислам дека направи превид. Од друга страна, пак, тука се претставници на таканаречената граѓанска коалиција за кои исто така не сум сигурен дека требаше да се најдат на таа листа (поради моето размислување дека граѓанскиот сектор и политичките партии се нешто сосема различно, ако некој од граѓанскиот сектор сака да се занимава со политика и смета дека има доволен рејтинг, логистика и финансии тогаш самостојно треба да „скокне во тавче“!).

Меѓутоа на листата повторно се заборавени некои активни чинители на опозициската сцена. Да кажеме мојата поранешна општина Бутел, повторно нема кандидат за пратеник од своите редови(барем не на добитна позиција). А има сериозни кандидати кои тоа би можеле да бидат, на пример претседателот на општинската организација Велимир Смилевски (стопанственик), или доколку се инсистира на да Бутел му припадне пратеник од националностите коишто не се во мнозинство, тогаш да кажеме, Сенад Смаиловиќ (лице со фајтерски дух и одлични организациони способности), Мерсиха Смаиловиќ (жена којашто има значаен придонес за заштитата на правата на мигрантите) или пак евентуално Самка Ибраимовски (поради огромниот број ромски гласови во Шуто Оризари).

Но, секако кандидатските листи се дел од партиската политика, во која што немам намера да се мешам од причина што не сум член, но барем очекувам подоцна висок степен на одговорност на оние кои што ги предложиле, да кажеме на пример доколку „независниот“ професор Мухиќ којшто објективно би бил изгласан со гласови на СДСМ, доколку СДСМ повторно биде опозиција (во што не сум баш најсигурен) поддржи некој закон предложен од ВМРО-ДПМНЕ со којшто уште повеќе се загрозува правото на абортус (како основно право на жената да располага со своето тело) или пак некој закон со којшто уште повеќе се ограничуваат и угнетуваат припадниците на ЛГБТ заедницата.

Она што многумина остава зачудени се неколку работи, на пример која е користа за СДСМ од огромната подршка која што ја има професорот Ферид Мхуиќ кај населението, кога тој секако би бил независен во своето делување?! Или што бараат на листа лица на пример од Шарената револуција заедно со човек кој што го негира постоењето на истата? (немојте да релативизирате со тоа дека се работи за различни изборни единици 1 и 2).

На крајот од денот проблематично од аспект на „Пржино“ е и кандидатурата на актуелните „технички“ министри на кандидатските листи. Никој не го спори фактот за позитивноста од тоа техничкиот министер за внатрешни работи пред изборите да и припаѓа на опозицијата (тоа треба да прерасне во уставна конвенција, уставен обичај), но доколку главен проблем беше што Гордана Јанкулоска била и министер и носител, дотолку повеќе Оливер Спасовски не треба да биде и технички министер и носител во истата „спорна“ изборна единица.

На крајот од овој нешто подолг вовед, доаѓа на ред мојата теза која што активно ја заговарам од почетокот на 2015 година, а тоа е дека на првите предвремени избори ќе има огромен број неважечки ливчиња.

Што значат неважечките ливчиња и зошто ќе се појават?! Едноставно тие се знак на протест насочен кон актуелната политичка понуда. Граѓанинот е апсолутно незадоволен од тоа што му се нуди, но сепак не сака да апстинира и сака да гласа, но нема за кого.

За гласачите на ВМРО–ДПМНЕ би постоела да кажеме следната дилема, како да гласам за конзерватина партија којашто се залага за моногамија и традиционални семејни вредности кога нејзин висок функционер е фатен во „швалерај“, правејки сообраќајка и бега од местото на несреќата и на партијата и требаат пет дена да „монтира“ видео во негова одбрана (што само говори дека ниту тие повеќе не се во форма, од Х причини)?!

Или, пак, голем дел од опозиционерите кои имаат цврсти и стабилни либерални вредносни постулати од аспект на правата на жената, на ЛГБТ заедницата, на животните итн како да ја заокружат листата на која што се наоѓа некој кој што има потполно спротивни размислувања за истите тие работи?! Едноставно е невозможно. Некои на ова би сакале да додадат: „Па добро има и други опции“, но сите нам ни е јасно дека тоа е само утопија.

Од гласачот се бара да биде одговорен на начин што ќе гласа.

Текстот во целост прочитајте го тука