Став

РСЕ: Објави или исчезни – Новица Наков

Сподели:

c410b64a-36b1-4f00-8498-3c1c1e6205bb_cx0_cy10_cw0_w987_r1_s_r1

Новица Наков, блогер, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер. Фото: Петар Кајевски

Во Македонија минатата година има 815 објавени научни трудови или 0,2 трудови по наставник/соработник, што е на пример шест пати помалку од Велика Британија, пишува Новица Наков во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Една од најголемите маки на македонските универзитети е пристап до современа научна литература. На овој проблем, од скоро, се нуди решение „преку интернет“. Пиратската библиотека Sci-Hub.org нуди пристап до околу 50 милиони научни трудови. Проценката е дека целокупното научно творештво досега изнесува исто така околу 50 милиони научни трудови. Оттука, возможно е Sci-Hub.org да нуди пристап до речиси сѐ што е објавено како научен труд во човековата историја.

Во април 2016 година, Sci-Hub.org објави серверски записи од неговиот веб сајт за периодот септември 2015 – февруари 2016 кои кажуваат кои и колку научни трудови се преземени, како и од кои држави се направени преземањата. Иако шест месеци е краток период, сепак податоците нудат увид во тоа што и колку наука се презема во Македонија. Трендот во Македонија е сличен со трендот во остатокот од светот. Порастот во преземањата во полугодието за кои има податоци изнесува повеќе од 300 отсто. Од европските земји тоа е слично со Естонија и Финска.

Според Државниот завод за статистика, во Македонија во високообразовните институции, во академската 2015/2016 година, има 3.980 наставници и соработници. Во дадениот период, тие преземале нешто помалку од два труда по човек. Најблиску до оваа бројка во Европа се Словачка и Кипар. Во 2015, пак, Македонија има 815 објавени научни трудови или 0,2 трудови по наставник/соработник. Тоа ја става Македонија на исто ниво со Бугарија, Латвија и Литванија.

Интересен е контрастот што може да се направи со, на пример, Велика Британија.

Текстот во целост прочитајте го тука

Сподели: