РУСИЈА: Четврт претседателски мандат на Путин

Сподели

Актуелниот руски претседател Владимир Путин обезбеди убедлива победа на руските претседателски избори. Со тоа тој освои нов шестгодишен мандат.

Путин освои 76,66% од гласовите, соопшти Централната изборна комисија на Русија, што значи дека собрал 52,6 милиони гласови (врз основа на 99% обработени гласачки ливчиња), што е негов личен рекорд.

„-Овие резултати се знак на доверба и надеж. Ова значи дека народот го цени она што го работиме. Ова е голема доверба и признание за она што е постигнато во изминатите години, покрај тешките услови. Ви благодарам што бевте покрај нас, ќе се трудиме да оствариме уште подобри резултати“, рече Путин пред насобраната толпа на Црвениот плоштад во Москва и ги повика граѓаните да го сочуваат единството.