Русија: Негативни последици при влез на Македонија во НАТО

Сподели

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко денеска се сретнал со македонскиот амбасадор во земјата, Гоце Карајанов.

Според соопштението на руското МНР, Москва смета дека плановите, Македонија да биде внесена во НАТО, може да имаат негативни последици по регионалната безбедност и билатералните односи меѓу двете земји.

Двете страни ја навеле и нивната подготвеност да продолжат со соработка во областите од заеднички интерес и ја истакнале важноста од продолжување на работата на руско-македонската меѓувладина комисија за трговија, економија, наука и технологија.