Трамп: Да се доделува трофеј за лажни вести

Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи на медиумите кои, според него, најнеискрено го претставуваат, да им се додели трофеј за лажни вести.

„Треба да одржиме натпревар и да видиме која мрежа плус „Си-ен-ен“ и без „Фокс њуз“ е најнеискрена, најкорумпирана и која најмногу го извртува политичкото покривање на вашиот омилен претседател (јас). Сите се лоши. Победникот да добие трофеј за лажни вести“, објави Трамп на „Твитер.

Откако дојде на местото на претседател на САД, Трамп константно се жали за начинот на кој медиумите го претставуваат и особено ги критикуваше „Си-ен-ен“ и „Ен-би-си“, а особено ја фали „Фокс њуз“.

meta.mk