Вести Македонија Ударни вести

Руска амбасада: Изјавата на Заев е политички неодговорна и русофобна алатка

Сподели:

Руската амбасада во Скопје порача дека изјавата на премиерот Зоран Заев за „комити“ потплатени од руски бизнисмени да протестираат против договорот со Грција и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ, е политички неодоговорна и русофобна.

Заев прашан за своите тврдења дека руски бизнисмени ги потпалувале протестите во Македонија, посочи на добиените извештаи од разговорите во полицијата со дел од демонстрантите.

– Зборувам од тоа што го слушам во извештаите што ги добиваме. Знаете, тие млади момчиња „комити“ кога нападнаа полицајци беа повикани во полицијата на исказ, па спомнуваа бизнисмени од Русија дека давале пари, заради тоа се тука и оти немаат ништо против или слично – рече Заев.

Амбасадата на Руската Федерација преку својот Твитер-профил порача дека изјавата0 на македонскиот премиер ја става под прашалник искреноста на заложбите на македонската влада за градење добри односи со Русија, како и дека русофобијата е се повеќе алатка во надворешната, но и во внатрешната политика на Македонија.

 

Сподели: