ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од -12 до 3 степени.

 

 

Во наредните денови продолжува периодот на студено време, со утрински температури до -10 степени. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.