Рускиот опозициски лидер Навални планира да се кандидира на претседателските избори во 2018

Сподели

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави дека планира да се кандидира за претседателските избори во 2018 година.

Врховниот суд на Русија минатиот месец ја укина петгодишната условна казна за Навални, издадена од суд во пониска инстанца.

Противникот на претседателот Владимир Путин, Навални беше осуден во 2013 година под обвинение за присвојување средства.

Тој го определи процесот како политички мотивиран.