САД: Трамп ќе се состане со Лавров во Вашингтон

Сподели

САД: Трамп ќе се состане со Лавров во Вашингтон

ЊУЈОРК (АА) – Според последното соопштение од Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе одржи состанок во Вашингтон со рускиот министер за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).

Состанокот во Овалната соба ќе се одржи во 10.30 часот претпладне и ќе биде затворен за медиумите, се соопштува од Белата куќа.

Според претходното соопштение издадено од Стејт департментот, исто така е закажана средба и меѓу Лавров и државниот секретар, Рекс Тилерсон, на која се очекува да дискутираат за Украина, Сирија и за билатералните прашања.

Извор:http://aa.com.tr/mk