Садик Хан: Американците кои се незадоволни од изборната победа на Трамп да се преселат во Лондон

Сподели

sadik-han

Градоначалникот на Лондон, Садик Хан ги повика жителите на САД, кои се разочарани од победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори да се преселат во британскиот главен град, пишува весникот „Ивнинг стандардс.

– Дознав дека голем број луѓе на пребарувачот Гугл го поставиле прашањњето како да емигрираат. Доколку талентирани луѓе од САД сакаат да дојдат тука во Лондн, мојата порака е едноставна, Лондон е отворен, рече Хан.

По победата на Трамп беше соопштено дека голем број Американци почнале да истражуваат како да емигрираат во Канада, што предизвика уривање на вебсајтот на канадската миграциска служба.

Хан им предложи да ја разгледаат можноста да се преселат во Лондон.

– Нашата веб страница нема да се урне, додаде тој.