Вести Став

Само бојкотирање на изборите го спасуваа Мицкоски на удобната партиска фотеља

Сподели:

 

ФРОДЕМ со големо внимание ги следи натегањата и глумата околу одредувањето на датумот за избори од страна на лидерите на ДПСМНЕ и СДССМ. И едните и другите со свои сопствени математики каде за жал најмногу е застапена манипулацијата со наводната грижа за здравјето на луѓето. И оние кои сакаат брзи избори и они кои се плашат од нив со иста песна ,,здравјето на гласачите е најважно”, а вистината е дека едните сакаат да се задржат повторно на власт додека е време, а другите полесно и побројни да дојдат на власт.

Според ФРОДЕМ како дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ поради некадарната техничка влада, пиши-бриши донесените уредби, сé поголемиот буџетски дефицит како и поради потребата од функционирање на стабилни институции и поподготвени да го пречекаме евентуално новиот бран на Корона-19 вирусот во месец септември, потребни се итни и брзи избори.

Затоа му порачуваме на треторазредниот глумец и наметнат лидер Мицковски да престане да се бламира и да ја манипулира јавноста и членството со бојкотирање на изборите и да го одолговлекува донесувањето на одлуката за датум на избори поради  наводната негова загриженоста за здравјето на гласачите, а во меѓувреме тајно да преговара со СДССМ и да купува време.

Наместо тоа ние му предалагаме без страв и калкулации уште денес заедно со неговиот ортак Заев да го прифати предлогот на коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија изборите наместо еден ден да траат најмалку 3-5 пет дена. Ова го предлагаме поради фактот што според Протоколот кој го усвои техничката влада за безбедно гласање на денот на избори, во период од 7,оо часот до 19,оо часот на територија на цела држава најмногу и безбедно можат да гласаат максимум од 400.000 – 450.000 гласачи. За да се овозможи поголема излезност на изборите, а со тоа и поголем легитимитет, но и да им се овозможи на сите граѓани да го релизираат своето право на глас, а притоа без да се плашат дека ќе им биде згрозено здравјето потребно е да се озвозможи гласање да трае неколку дена. Доколку се прифати овој предлог ќе има можност доследно да се спроведе донесениот Протокол, односно ќе запази социјалната дистанца, ќе нема турканици пред избирачките места, ниту брзање, ниту страв за здравјето на гласачите и членовите на избирачките одбори. Впрочем, позната е праксата во некои држави во светот каде поради разни причини гласањето се одвива со денови, па дури и месеци.

Затоа коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија бара техничката влада со уредба со законска сила да изврши измена во Изборниот законик и да овозможи гласањето на овие избори да трае 3-5 дена со цел дослено да биде спроведен Протоколот за избори, максимално да биде заштитено здравјето на гласачите и на останатите ученици во изборите. како и да се овозможи поголема излезност а со тоа и поголем легитимитет на изборите. Избори со мала излезност нема да бидат фер, чесни и легитимни, без разлииак дали се одржале во јули, август или септември.

 

П.С. Една стара поговора вели дека “стравот го чува лозјето”, a ние дека “само бојкотирање на изборите го спасуваа Мицковски на удобната партиска фотеља” – стои во соопштението на ФРОДЕМ.

Сподели: