Санација на клупите во централното подрачје

Сподели

 

По налог на Град Скопје, ЈП Паркови и зеленило деновиве вршат санација на клупите во централното  градско подрачје. Екипите вршат фарбање и по потреба ги прицврстуваат клупите поставени во централното градско подрачје, како и на кејот на Вардар на горната и долната патека.

 

 

Исто така во текот на наредната недела на скалите на кејот пред Камени мост  ќе бидат поставени комплетно нови талпи за седење.

Воедно, апелираме да не се оштетува урбаната опрема поставена во корист  на сите граѓани.