Алтернатива Вести Македонија Настани

Мултифункционален центар за лица со посебни потреби во Гостивар

Сподели:

 

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари заедно со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман, министерката Јована Тренчевска како и претставникот на УНДП, Армен Григорјан, го промовираа мултифункционалниот центар за лицата со посебни потреби.

 

Преку Центарот ќе се реализираат социјални услуги во домот и заедницата кој ќе овозможи интегрирање и испорачување на повеќе различни социјални услуги, во насока на задоволување на потребите на лицата со попреченост и нивните семејства од Полошкиот регион.

Центарот се наоѓа таму каде што се гради Центарот за аутизам „Blue Pazzle“, прв во регионот, а каде успешно функционира и младинскиот центар „iCan“.

Лицата со посебни потреби остануваат приоритет на општина Гостивар.

Сподели: