Санкции за непрописно вградени „фолии“ и светлосни и звучни уреди во возила

Сподели

 

Во периодот од 9 до 13 јуни, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државава, по однос на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата санкционирани се 45 учесници во сообраќајот, од кои 44 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и еден за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.