Вести Македонија

Санкционирани 133 пијани возачи изминатата вечер

Сподели:

 

Во текот на изминатата вечер (17/18.09.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 133 возачи. Кај двајца возачи се утврдени дури над два промили алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели: