ЕУ повикува на меѓународен трибунал за воените злосторства во Украина

Сподели

 

Претседателството на Европската Унија повика за меѓународен трибунал за руската инвазија врз Украина.

Повикот од Чешката Република каде во моментов се одвива претседавањето доаѓа по откривањето на стотици гробови во Изиум, град што скоро беше ослободен од страна на Украинските трупи.

Според Би-би-си се смета дека повеќето од пронајдените мртви биле цивили, меѓу кои има и жени и деца.

„Ние се залагаме за казнување на сите воени злосторства“, изјавил чешкиот министер за надворешни работи на Чешка.

Украинските власти сметаат дека воени злодела биле направени во Изиум каде досега се пронајдени 59 тела, а се очекува да се најдат уште повеќе во шумата на периферијата од градот.

„Вакви напади против цивилното население во 21-от век се незамисливи и одвратни. Повикувам на брзо воведување на специјален меѓународен трибунал што ќе го гони кривичното дело агресија“, рекол Липавски.

Откривањето на подземните гробници се случи откако украинските трупи продолжија со контраофанзива во североисточниот дел на земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека украинската контраофанзива нема да ги промени воените планови на Русија за источниот дел од Украина./Мета.мк