Санкционирани 199 возачи во Скопје: 100 санкции за брзо возење, 20 без возачка дозвола

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 100 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, 14 за управување под дејство на алкохол, 5 за користење мобилен телефон, 3 за некористиње на сигурносен појас, една за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 29 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.