Санкционирани 201 возачи во Скопје

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
 
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои 35 санкции за непочитување на брзината на движење, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за некористење на сигурносен појас, 11 мерки за користење на мобилен телефон при управување…
 
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.