Лотарија водена од кадри на Груби троши 12 милиони евра за апарати за коцкање

Сподели

 

Државна лотарија водена од Перпарим Бајрами поранешен шеф на кабинет на Артан Груби набавила апарати за коцкање во висина од 12 милиони евра.

Перпарим, поранешниот шеф на кабинет на Груби, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 2 милиони и 100 илјади евра, на 18 јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18 јануари!

Додека народот гладува, додека Македонија има најниска минимална плата, додека нема пари за лекови, Лотарија на Македонија водена од кадрите на ДУИ и Артан Груби троши 12 милиони евра за апарати за коцкање.

Со СДС и ДУИ нема пари за потребите на граѓаните, но има пари за бизнисите нивни.