Вести Македонија

Санкционирани 231 возачи на мотоцикли, 4 мотоцикли одземени

Сподели:

 

Во текот на вчерашниот дел во периодот од 10 до 15 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 231 возач. Од нив, 168 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, 49 возачи се исклучени од сообраќај, четири мотоцикли се одземени, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели: