Временска прогноза – Од утре дожд и грмежи и пад на температурите

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. УВ=8

 

 

Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=7