Вести Македонија

Санкционирани 241 возачи за брзо возење

Сподели:

 

Во текот на вчерашниот ден (11.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возач.

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели: