Вучиќ итно го свикал Советот за национална безбедност

Сподели

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во 19 часот свика седница на Советот за национална безбедност.

Претходно, претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ изјави дека, според информациите со кои располага, премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, на средба со своите безбедносни структури најавил дека вечерва ќе ги испрати спецјалните полициски сили Росу и други единици на север од Косово да ги разбијат барикадите.

Во меѓувреме косовската полиција демантиаше дека извшрила упад во големата брана на езерото Газивода. Српските медиуми, претходно јавија дека тие го го истерале чуварот и ги отстраниле српските знамиња.