Вести Македонија

Санкционирани 263 пешаци за преминување на црвено светло

Сподели:

 

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 263 пешаци.
 
При тоа 217 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 38 за минување на црвено светло.
 
Од нив 81 на територија на СВР Скопје, 39 на територија на СВР Тетово, 36 на територија на СВР Битола.
 
За време на контролата регистрирани се и 122 останати прекршоци.
 
МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.
Сподели: