Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Сподели

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 55 возачи.

Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци. 

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.