Санкционирани 67 возачи на мотоцикли

Сподели

Во текот на вчерашниот ден (15.05.2024) во периодот од 12.00 до 19.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 67 возачи. Од нив, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се и 147 други видови на сообраќајни прекршоци.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.