Силјановска Давкова ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници

Сподели

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска, ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот: поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

Силјановска Давкова претходните денови веќе оствари средба со двајца амбасадори, меѓу кои и претставникот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.