Санкционирани 695 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден (11.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 695 возачи.

Од нив 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 376 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 319 надвор од населено место.

МВР апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.