Вести Македонија Ударни вести

Санкционирани 74 возила што вршат јавен превоз – 39 имале неисправен уред за кочење

Сподели:

 

Министертвото за внатрешни работи спроведе акциска контрола за контрола на возилата со кои се врши јавен превоз.

При контролата санкционирани се 74 возила, од кои 28 на територијата на СВР Тетово, 15 на територијата на СВР Штип. Од овие возила, 39 имале неисправен уред за кочење, пет неисправен уред за управување, како и други прекршоци, за кои се поднесени соодветни поднесоци.

Министертвото за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел обезбедување на поголема безбедност на патиштата во државата.

Сподели: