Вести Македонија

Санкционирани 953 возачи за брзо возење

Сподели:

 

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи.

Од нив 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 500 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 453 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Сподели: