Вести Изјави Македонија Ударни вести

Џафери: Нека е честит 28 Ноември, Денот на знамето

Сподели:

 

“Во име на пратениците на Собранието на РС Македонија и во мое лично име, со особена радост да упатам срдечни честитки по повод албанскиот национален празник, 28 Ноември – Денот на знамето, со искрени желби за бескрајни успеси и напредок на Албанците каде и да се а празникот, како што е впрочем и цел месец Ноември, нека биде повод за чувство на гордост и среќа за тоа што сме биле, сме и ќе бидеме во иднина”, честиташе претседателот на Собранието, Талат Џафери.

“Несомнено дека овој значаен празник е длабоко втиснат во колективната национална историска меморија и во срцата на сите припадници на Албанскиот народ, каде и да се наоѓаат раштркани по светот и денес, кога ја одбележуваме 110 – годишнината од денот кога мудриот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со делегати од различни албански градови го истакна националното знаме во Валона, Албанците, со чувство на национална гордост го чествуваат како симбол на албанската национална културна ренесанса. Нашата заедничка државна и регионална определба за европска интеграција е единствениот патоказ кој што не мотивира да работиме посветено и неуморно за да станеме што побрзо дел од големото европско семејство. Таму, заедно, со исти заеднички вредности и стандарди, ќе придонесуваме за подобар свет за идните генерации. Живееме во  времиња на предизвици во секој поглед и само сплотеноста ја сочинува  вистинската сила која може да  ја надмине секоја препрека. А Албанците, заедно со сите граѓани на Република Северна Македонија се камен на консолидирање на таа сила.

Нека е честит 28 Ноември, Денот на знамето!”

Сподели: