СДСМ: Благодариме Германија за силната поддршка

Сподели

 

Благодариме Германија! За силната поддршка и потврдата за македонскиот јазик, култура идентитет и посебност! – изјавија од СДМ.

И членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24, истакна дека Македонија нема алтернатива, освен ЕУ, која не поддржува заедно со стратешкиот партнер САД.

“Ние треба да го спроведеме она на што сме се обврзале, нема некаква суштинска разлика меѓу политичките партии во државата, да си поставиме цел да почнеме малку поинаку да размислуваме да го искористиме бранот, рече Петров додавајќи дека има сериозни навестувања дека ЕУ спрема голем пакет во 2030 година.

Треба да го фатиме тој воз и да не го губиме времето на нешто што нема некаква суштина, нагласи Петров и ја ја поздрави изјавата на Мицкоски дека ДПМНЕ немаат, немале и никогаш нема да имаат ништо против внесувањето на Бугарите во уставот.”

Во врска со резолуцијата од Германија, Петров нагласи дека македонскиот идентитет и јазик е потврден со потпишувањето на договорот ФРОНТЕКС, но штом има резерви од одредени партии, добро е што државата има вакви пријатели, кои ќе помогнат да се потврди нешто што е реален факт.

“Ние имаме доволно јасни изјави дека уставните измени треба да се направат, дека Македонија го добила најдобрниот предлог што можеше да се постигне, дека нема да има нова преговарачка рамка и дека се што ќе правиме може да биде само губење време, на штета на граѓаните, бидејќи возот нема нас да не чека, другите ќе одат напред, нагласи Петров, додавајќи дека СДСМ сака да види заедничка соработка со опозицијата, да се заборават некои стари мапи на политичко делување бидејќи Македонија е членка на НАТО и за брзо време треба да биде членка на ЕУ.

Ова е време кога треба или да се качите на возот, кој оди брзо кон станицата во Брисел или да го пропуштите и да чекате, подаваме рака кон опозицијата заеднички да ги донесеме уставните измени”, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „24 Анализа“.