Вести Македонија Ударни вести

СДСМ ги објави досега потврдените кандидати за градоначалници

Сподели:

СДСМ ги објави досега потврдените кандидати за градоначалници:

СДСМ на претстојните локални избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните.

Во насока на транспаретноста и навременото информирање на јавноста известуваме дека до денеска завршена е постапката и потврдени се кандидатите на СДСМ за градоначалници за локалните избори 2017 година во следните општини:

За Град Скопје кандидат за градоначалник на СДСМ е Петре Шилегов.
Во општините во рамки на Скопје кандидати се:
Златко Марин за градоначлник на општина Аеродром,
Велимир Смилевски за општина Бутел,
Борче Георгиевски во општина Гази Баба,

Александар Наумоски во општина Ѓорче Петров,
Стефан Богоев во општина Карпош и
Филип Темелковски во општина Кисела Вода.

Во останатите општини во Македонија потврдени се следните кандидати:
за општина Арачиново – Миликије Халими,
Богданци – Блашко Шапов,
Брвеница – Мирко Стојановски,
Валандово, – Перо Костадинов,
Вевчани – Сашо Јанкоски
Виница – Ивица Димитров,
Демир Капија – Лазар Петров,
Зелениково Борче Гиевски,
Јегуновце – Дарко Блажевски,
Карбинци – Јордан Насев,
Конче – Благој Илиев,
Кривогаштани – Рубично Шефтеровски,
Крушево – Томе Христоски,
Могила – Јасмина Гулевска,
Новаци – Љубе Кузмановски,
Ново Село – Боро Стојчев,
Охрид – Јован Стојановски,
Пехчево –Драган Тренчевски,
Пласница – Шпресим Ајроски,
Св. Николе – Сашо Велковски,
Сопиште – Далибор Богдановски,
Чашка – Горан Стојановски
Штип – Благој Бочварски.
Јавноста ќе биде дополнително информирана кога ќе бидат потврдени кандидатите и за останатите општини.

Сподели: