Алтернатива Настани Ударни вести

Мрдни со прст и донирај училишен прибор

Сподели:

Граѓанската платформа „Мрдни со прст“ на 10 септември иницира настан на Школка во Градскиот парк во Скопје, каде од 12 до 14 часот преку музичка програма ќе се донира и училишен прибор.

Од „Мрдни со прст“ потенцираат дека, за жал, голем број од децата од нашите основни училишта имаат проблем со набавувањето на основните образовни материјали.

„Затоа ги покануваме сите родители, грижливи браќа, сестри и дарежливи соученици да ни се придружат во собирањето на прибор, кој подоцна ќе го поделиме на оние на кои најмногу им е потребен. Ајде да мрднеме со прст! Да донираме!“, стои во повикот за настанот на 10 септември.

 

Сподели: