СДСМ: Граѓаните да ги почитуваат препораките од институциите следуваат мерки за помош на економијата од последиците од коронавирусот

Сподели

 

Секој граѓанин треба да продолжи да ги почитува мерките и препораките за да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид – 19.

Јавното здравје е пред сѐ и секоја индивудуа мора да преземе одговорност во негова заштита. Во полн капацитет работат сите институции, ангажирани се сите стручни лица. Се носат важни и храбри одлуки, за справување со ширењето на вирусот.

Паралелно со грижата за здравјето на граѓаните Владата, инстутиците работат на тоа да заздрави економијата, за таа цел остварени се средби со стопански комори, работодавачин со гувернерот на Народната банка за да се утврдат сите инфомации околу фискалните импликации врз бизнисот.

Наскоро, Владата излегува со конкретни и реални мерки за директна помош на домашната економија, особено за оние сектори кои се најпогодени.

Во период кога државата, но и светот се соочуваат со сериозна здравствена закана, важно е граѓаните да бидат целосно, навремено и точно информирани. Затоа, јавноста, граѓаните, да ги следат информациите на институциите кој секојдневно по неколку пати информираат за состојбата со корона вирусот.

Не смее и нема да се дозволи неодговорно пласирање лажни вести во борба за сензационализам и профитерство за сметка на здравјето на граѓаните – се наведува во соопштението на СДСМ.