СДСМ: Граѓаните не се и никогаш нема да бидат статистичка грешка Мицкоски, научи го тоа, граѓаните се за членство во ЕУ и НАТО

Сподели

Мнозинството граѓани се за јасно определени за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, јасно се определени за иднина.

Тоа што Мицкоски го покажа денеска, дека ги смета граѓаните за „статистичка грешка“ е јасен показател за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги разбира работите и што мисли за граѓаните.

Граѓаните не се и никогаш нема да бидат статистичка грешка Мицкоски! Граѓаните, нивните потреби и нивната волја се над се! Политичарите постојат заради граѓаните, време е да го научиш тоа.

Со одбивањето да се изјасни за најважното прашање во историјата на независна Македонија, Христијан Мицкоски продолжува да се однесува несериозно, калкулатнски и антидржавнички.

На триесеттина денови до референдумот, кога сите прогресивни политички субјекти и кога мнозинството граѓани се определија за македонската иднина во ЕУ и и НАТО, Мицкоски вели дека неговиот став ќе го кажел на 30 септември, на денот на референдумот.

Со секојдневно менување на ставовите за најзначајното прашање Мицкоски потврдува дека нема капацитет да стане сериозен политички субјект.

Очигледно е дека Мицкоски води борба за превласт во деструктивниот блок којшто е против ЕУ и НАТО и којшто сака Македонија да ја врати во времето на изолација, темнина и неизвесност.

Дали борбата за превласт во декструктивниот блок за Мицкоски е поважен од македонската иднина?

Граѓаните масовсно, храбро и одлучно, на референдумот на 30 септември ќе се определат за влез во ЕУ и НАТО, со зачуван македонски идентитет.

Огромното мнозинство на граѓани е определено за напредок, за интеграција и македонска иднина со заштитен и зајакнат македонски идентитет.