Вести Македонија

СДСМ ја поднесе иницијативата и го повика Вељаноски веднаш да го свика Собранието

Сподели:

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски, денеска до Собранието на Република Македонија поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница, потпишана од 67 пратеници.

– Со оваа иницијатива повеќе нема дилеми околу обезбедување на парламентарно мнозинство. Иницијативата е потпишана од 67 пратеници и очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да закаже продолжување на конститутивната седница за Собранието да може повторно да функционира во интерес на граѓаните – рече Спасовски.

Тој соопшти дека прв чекор ќе биде избор на претседател на Собранието и дека потоа од СДСМ очекуваат претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот за формирање влада на нивниот лидер, Зоран Заев.

Спасовски истакна дека очекува да се свика координативна седница со сите политички партии за да ги разгледаат опциите за кандидат за спикер на Собранието.

Прашан што ќе се случи ако Вељаноски не ја свика седницата, тој рече дека секој треба да биде на висина на задачата, да има одговорност и да не ги држи институциите во заложништво.

– Конститутивната седница е почната и нема рок за нејзино продолжување. Таа може да биде веднаш свикана и очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да го направи тоа – рече Спасовски.

Тој додаде дека СДСМ сè уште нема избрано координатор на својата пратеничка група.

meta.mk

Сподели: